Руси ќе му судат на Вардар во Белорусија

На првата средба сезонава во Лигата на шампионите екипата на Вардар ќе има руска арбитража.

Од ЕХФ ги одредија судиите Николај Володков и Евгениј Зотин да ја делат правдата на оваа средба така што тие ќе имаат тешка задача на оваа средба на која се очекува домашните да тргнат со сите сили кон победа против актуелниот првак на Европа.

Поради актуелната ситуација која владее во светот со коронавирусот делегатите се домашни. На оваа средба на записничката маса ќе биде Сирхеј Кот.

Натпреварот од 1. коло меѓу Мешков Брест и Вардар се игра в среда од 18:45 часот.