Русија остана без претставник во завршницата на Лигата на Европа

Екипите на Шиофок, Баја Маре, Нант и Хернинг Икаст ќе се борат за овогодинешната титула во Лига на Европа.

Завршните натпревари на Ф4 турнирот се закажани на 8 и 9 мај, а дополнително треба да се утврди домаќинот на завршните натпревари и сатницата на истите.

Русија остана без свој претставник на завршницата откако трите руски тимови, Звезда, Лада Тољати и Астраханочка беа елиминирани во четврт-финалните дуели.

Оваа сезона во Лига на Европа во женска конкуренција имаше интересни натпревари и сите екипи кои се натпреваруваа во четврт-финалето имаа шанси да изборат пласман на завршниот турнир и да се борат за титулата.

Моментално, листата на стрелци ја предводи репрезентативката на Норвешка, Аманда Куртовиќ со 46 гола, но нејзиниот тим Кастамону веќе ги заврши натпреварите уште во групната фаза.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

БАЈА МАРЕ – ДУНАРЕА БРАИЛА             27:25 (31:24)

ИКАСТ – ЛАДА ТОЉАТИ             28:25 (31:29)

НАНТ – ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД   30:28 (33:29)

ШИОФОК – АСТРАХАНОЧКА     29:28 (32:26)

* Во заградите се резултатите од првите натпревари.