Русија одново го избра Скопје, во „Јане Сандански“ ќе се подготвува за ЕП

Репрезентацијата на Русија и за Европското првенство во јануари своите подготовки ќе ги одработи во Скопје, а од денеска до 2 јануари ќе се тренира во СЦ „Јане Сандански“ каде што ќе с темпира формата за контролните средби во Шпанија и потоа за настапот на ЕП во Шведска.

Едуард Кокшаров повика 22 ракометари за тренинзите во Скопје и овие играчи ќе се борат за место во тимот кој ќе настапи на шампионатот односно за место во составот на Европското првенство.

Според планот на Кокшаров, Русите ќе тренираат во Скопје  една недела. Потоа на 2 јануари ќе летаат за Шпанија каде ќе учествуваат на турнир со домаќинот и со селекциите на Полска и на Португалија.

После турнирот ќе имаат уште три дена тренинзи на Пиринеите, а оттаму на 9 јануари летаат за Малме каде што ќе играат во Групата Е против составите на Унгарија (11 јануари), Исланд (13 јануари) и Данска (15 јануари).