Русија без најголемите ѕвезди: Сен и Вјахирева нема да играат на ЕП!

Женската репрезентација на Русија ќе биде значително ослабена на претстојното Европското првенство во Данска.

Селекторот Мартин Амброс нема да смета на средниот бек Ана Сен и десниот бек Ана Вјахирева.

Вјахирева го повреди грбот на дуелот меѓу Ростов Дон и ЧСМ Букурешт и ќе мора да направи подолга пауза, па МВП од претходното ЕП во Франција нема да игра во Данска.

Од претходно повредена е Сен, а за „зборнаја“ нема да настапи ниту Елена Михајличенко.

Русија е во групата Б заедно со Шпанија, Шведска и Чешка. Европското првенство започнува на 3 декември.