Русите се загрижија за Кокшаров: Зошто главниот тренер не дојде на прес – го налути резултатот? (ВИДЕО)

По поразот од 22:31 против Мешков Брест во Белорусија, ниту еден од тренерите на Вардар не се појави на прес-конференцијата. Го немаше ниту Кокшаров, ниту Писонеро, ниту Периќ, а се појави оперативниот менаџер во клубот Марко Савовски.

Ова не е првпат тренерот Кокшаров да не се појави на прес бидејќи и претходно се случи Периќ да биде место него на пресот и да го искаже коментарот за она што беше направено на теренот после средбата.

Еден од многуте  руски и белоруски новинари што го следеа пресот, на крајот имаше прашање за Савовски.

„Зошто главниот тренер не дојде на прес – многу го налути резултатот?“, праша еден од колегите.

„Не можам да одговарам на тоа прашање. Немам коментар“, краток беше Савовски.

Следен и последен предизвик за Вардар годинава во Лигата на шампионите ќе биде составот на Веспрем.