Русите освоија бод во Брно, промашија празен гол за победа

Репрезентацијата на Русија дојде до еден бод од гостувањето во Брно откако против Чешка одигра со нерешени 27:27.

Средбата имаше интересен тек и многу надигрување, а до реми беше стигнато после шут од седум метри кој беше претворен во погодок од страна на Дмитри Киселев.

Во поголемиот дел од натпреварот составот на Чешка беше во предност. Водеше со гол до два разлика, а тоа даваше надежи за позитивен епилог на крајот од средбата. Сепак, не одеше така добро.

Откако на полувреме резултатот беше 16:14 во продолжениет од средбата работите добија одново интересен тек и нијанси решаваа за победникот.

Домашните влегоа во завршницата со предност од 27:26, но Клима направи прекршок на 48 секунди до крајот, заработи црвен картон, а Киселев од пенал донесе израмнување. Чесите не го искористија следниот напад, а последниот шут на Санталов не беше доволно прецизен бидејќи промаши празен гол, па останаа нерешените 27:27.

Со ова реми, Русија остана прва во групата со шест бода, еден повеќе од вторпласираната Украина, додека Чешка е трета со три поени и натпревар помалку така што тука ќе има уште надигрување.