Русите не играат, но планираат сезоната да ја завршат на терен

Меѓу последните кои ги прекинаа првенствата беа во Русите каде што останува уште да се доигра до добивањето на шампионите.

Иако и таму има прекин на активностите, сосема извесно е дека ќе се чека на дозвола од властите за да можат и ракометарите и ракометарките да се вратат на терен.

„Сите се заинтересирани за едно пршање, а тоа е што е следното? Рускиот претседател го продолжи режимот за самоизолација до 30 април, а в понеделник Ракометната федерација на Русија ќе објави официјално соопштение. Доколку ситуацијата се подобри тогаш овој режим може да биде прекинат порано. Ние уште планираме да ги завршиме првенствата на терен“, вели генералниот директор во Ракометната федерација на Русија, Лев Воронин.

Русите пред скоро време го прекинаа првенството, но дел од клубовите продолжија да тренинраат.