Русинот се враќа во Германија: Сергеј Горпишин заминува од Вардар!

Рускиот репрезентативен пикер Сергеј Горпишин по само една сезона ќе си замине од европскиот шампион Вардар.

Иако имаше уште една година договор, сепак новото раководство на тимот не сметаше на неговите услуги и тој нема повеќе да остане во Скопје.

Тој во Вардар дојде од тимот на Ерланген, а сега се враќа во Германија, каде што има комбинација да ја продолжи кариерата.

„Заминува од Вардар, сите документи се веќе потпишани и јас немам повеќе обврски кон клубот. Долговите се уште не се расчистени, но тие се обврзаа да го завршат тоа и јас верувам во тоа. Како ќе биде, ќе видиме. Исто така верувам дека брзо ќе најдам нов ангажман, а приоритет се клубовите од Бундес лигата, иако не исклучувам понуди и надвор од Германија“, вели Горпишин за рускиот „Брз Центар“.

Горпишин дојде лани во Вардар и не се снајде баш најдобро, а имаше и проблеми со повреди. Сега европскиот првак останува со Стоилов и Калараш на линијата, а тука се и младите Гашовски и Атанасовски.