Русинките не се прославија пред Олимпијада, загубија два пати – од Шведска и од Холандија

Еден од главните фаворити за олимписко злато во Јапонија и актуелен олимписки шампион, Русија, загуби на двете пријателски средби во холандскиот Хертогенбош.

По вчерашниот пораз од селекцијата на Холандија со 30-29, во меч во кој Русинките водеа на полувреме со плус четири, 17-21, денеска загубија уште еднаш.

Подобри од избраничките на Алексеј Алексеев беа репрезентативките на Шведска, кои славеа со 31-28.

Најдобри стрелци во шведската селекција беа Робертс со шест и Хагман со пет голови, додека кај Русија се истакна Самохина со шест погодоци.