Ростов Дон пропушти шанса, Томсен нов тренер на Кастамону во Турција

Поранешната селекторка на Шведска и Холандија, како и поранешен тренер на Митјиланд, ЧСМ Букурешт и Молде, Хеле Томсен го одби Ростов Дон и кариерата ја продолжува во Турција каде ќе биде тренер на тимот на Кастамону.

После отказот на Амброш Мартин, Томсен беше првиот избор на Ростов Дон за тренер, но Томсен донесе одлука да не оди во Русија.

„Точно е дека Хеле му кажа не на тимот на Ростов Дон. Таа нема да оди во Русија и кариерата ја продолжуа во Турција“, вели нејзиниот агент, Микел Хансен.

Хеле Томсен е 49 годишен тренер. Таа во својата карира има бронзен медал од ЕП во 2014 година со Шведска, а има и сребро и бронза со Холандија на Европските првенства и 3. место на СП во 2017 година.