Романците на шопинг во Барса

31-годишниот ракометар Али Зеин би можел по оваа сезона да ја промени клупската средина.

Според информациите на романскиот „prosport.ro“ Египќанецот ќе ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт. Главен иницијатор за интересот за Зеин бил тренерот на Динамо Букурешт, Чави Пасквал.

Чави Пасквал претходно беше тренер на Барселона, а левиот бек би требало да биде еден од оние ракометари кои би дале голем допринос за Динамо Букурешт да дојде до добри резултати како во Европа, така и на домашна сцена.

Зеин во Барселона пристигна во сезоната 2021 од Ал Ахли каде што играше како позајмен ракометар од Шарјах.