Романска свирка за Пролет во Шпанија

Ракометарите на Пролет на 3 и 4 септември ќе ги одиграат двата натпревари против шпанскиот Гранољерс во Лигата на Европа.

Македонскиот претставник во второто по ранг европско клупско натпреварување, ќе биде и домаќин и гостин на теренот на ривалот.

Европската ракометна федерација веќе ги објави арбитрите за двата дуели, а тоа се Романците Михаи Мариан Пирву и Раду Михаи Потирниче, додека делегат е Жозе Хорхе од Португалија.

Првиот натпревар се игра на 3 септември од 19:00 часот, а вториот е на програмата на 4 септември од 17:30 часот.