Романија е последната пречка за Македонија до Мундијалот!

Женската репрезентација на Македонија го доби ривалот во баражот за Светското првенсто во Шпанија што ќе се игра во декември.

Последна пречка до учество на Мундијалот за избраничките на Симе Симовски ќе биде селекцијата на Романија.

Првиот натпревар ќе се игра во Романија на 16/17 април, додека реваншот е во Македонија а 20/21 април.

Победниците од десетте бараж двојки ќе обезбедат место на Светското првенство во Шпанија, каде освен домаќинот, место имаат обезбедено шампионот Холандија, како и најдобрата четворка од ЕП – Норвешка, Данска, Франција и Хрватска.

Бараж двојки:

Турција – Русија
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Романија – Македонија
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија