Ристовски ги повика ЈО, МВР и иснтитуциите да ги истражат криминалите на Димевски

Покажувајќи црвена папка полна со документи кои наводно се докази за криминални дејства на МОК и Даниел Димевски, денеска Борко Ристовски ги повика Јавното Обвинителски, МВР и другите институции да ги истражат документите за криминалите што ги имаат наравено од МОК.

„Ова е апел до Јавниот обвинител, Комисија за спречување на корупција, нека ме повикаат, или пак дали ќе постапуваат по допрен глас, или ќе ме повикат да им ги дадам документите, да видат што се случува. Конечно е време дојдено да се стави крај на оваа „олимписка лакрдија“. Нити имам намера, нити ми е желба да се кандидирам за претседател на МОК“, вели Ристовски.

Тој најави дека време е и федерациите да се запрашаат кој го води олимпискиот спорт.

„Верувам дека во брз рок федрациите ќе се состанат и ќе разговараат. Од она што го слушам, е дека и тие се прашуваат дали луѓе кои има индиции дека сториле кривични дела може да го водат спортот. Верувам во ЈО и во иснтитуциите, и ќе се стави крај. Се плашат од мене. Корупцијата кај мене е секогаш е на прво место против што се борам. Секогаш сум да се држам до својат афела. Секој да се држи до својат афела. Нашата фела да биде чиста. Да нема вакви луѓе што ќе го искористуваат спортот за свои лични интереси, вели Ристовски.