Ристовска и ЦСКА Москва немоќни пред „змиите“

Вајперс Кристијансанд беше подобар од ЦСКА Москва со 33:30 и обезбеди финале во Лигата на шампионите против Брест Бретањ. Норвешкиот претставник до победата стигна со одличната одбрана во вториот дел.

Руската екипа конфузно го започна натпреварот, но и на спротивната страна работите не беа идеални. Кристијансанд во првите десетина минути имаше предност од еден гол, но ЦСКА во 12. минута преку Ведекина дојде до 5:6.

Контролата на резултатот на екипата од Москва траеше пет минути, а „змиите“ од Кристијансанд израмни на 9:9 во текот на 18. минута. Во последните десет минути, Катрин Лунде блескаше меѓу стативите, додека нејзините колешки беа успешни во нападите кон противничкиот гол. На полувреме, норвешкиот тим замина со предност од 18:12.

Во второто полувреме Лунде продолжи со одличните интервенции и нејзината екипа веќе во 35. минута имаше солидни плус 8 ралика, 22:14. ЦСКА преку Маркова и Илина врза три гола во серија и намали на 17:22. Норвежанките не паднаа во ниту еден момент и до крајот на натпреварот беа во водство, најчесто од четири до пет гола разлика.

Во завршниот дел, ЦСКА намали на три разлика, но немаше повеќе време за игра. Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска на овој натпревар постигна еден гол. Прв стрелец во Вајперс Кристијансанд беше Хејни Реиштад со десет гола. Во московската екипа, Полина Ведехина беше најефикасна со седум гола.

Во големото финале, Вајперс Кристијансанд ќе игра против Брест Бретањ. За третото место, ЦСКА Москва ќе се бори против екипата на Ѓер.