Ристовска и ЦСКА Москва загубија, издржаа едно полувреме против Ѓер

Шампионот на Русија, ЦСКА Москва доживеа пораз од Ѓер со 23:27 во натпревар од Лигата на шампионите. Избраничките на Флорентин Пера парираа во првите 30 минути, а во поголемиот дел од првото полувреме беа и во минимално водство од еден гол разлика.

По нерешениот резултат од 13:13, Ѓер со два гола во низа стигна до водство од 15:13 на полувреме. Екипата од Унгарија во второто полувреме константно ја одржуваше стекнатата предност од првото полувреме, која на моменти изнесуваше и пет гола разлика.

Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска одигра солидна партија во дресот на ЦСКА Москва. Ристовска беше меѓу главните стрелци во московска екипа, постигна три погодоци од шест обиди, додека прв стрелец кај домаќините беше Екатерина Илина со осум гола.

Победа во денешните натпревари во рамките од 12. коло остварија и екипите на ЧСМ Букурешт и Одензе. ЧСМ Букурешт на свој терен немаше никакви проблеми против Подравка, триумфираше со 29:21. Шведскиот шампион Савехоф беше немоќен на гостувањето во Данска кај Одензе, запиша пораз од 24:37.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БУДУЌНОСТ – ЕСБЈЕРГ 25:36 (13:14)

ФТЦ РАИЛ КАРГО – РОСТОВ ДОН 25:25 (13:13)

БРЕСТ БРЕТАЊ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 31:25 (17:10)

ЧСМ БУКУРЕШТ – ПОДРАВКА ВЕГЕТА 29:21 (19:10)

ГРУПА Б

КРИМ – КАСТАМОНУ 36:28 (18:10)

ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАНД – МЕЦ 25:31 (13:17)

ЦСКА МОСКВА – ЃЕР 23:27 (13:15)

ОДЕНЗЕ – САВЕХОФ 37:24 (16:13)