Ристовска и ЦСКА Москва го освоија трофејот во рускиот Куп, навивачите приредија пиротехничко шоу! (ВИДЕО)

Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, го освои трофејот во Купот на Русија.

Во финалето на завршниот турнир што се играше во Тољати, ЦСКА славеше против домаќинот Лада со 31-27, иако на полувремето беше 15-15.

Македонското десно крило имаше еден погодок од еден обид на овој натпревар, а најдобар стрелец беше Мурзалиева со 12 погодоци.

Хендикеп за Лада беше црвениот картон за капитенот Олга Фомина, некогашната вардарка, која беше исклучена уште во третата минута поради удар во глава на противничката голманка.

Навивачите на ЦСКА Москва ги поздравија ракометарките за освојувањето на трофејот со пиротехничко шоу.