Ристовска и ЦСКА Москва во проблеми – големата битка против ЧСМ Букурешт ќе ја играат на неутрален терен

Македонската репрезентативка Сара Ристовска и екипата на ЦСКА Москва на неутрален терен ќе одиграат еден од осминафиналните елиминациски натпревари против ЧСМ Букурешт во рамки од Лигата на шампионите откако денеска ЕХФ за руските и украинските клубови кои се натпреваруваат во Европа донесе одлука своите домашни натпревари да ги играат на неутрален терен поради воената состојба во Украина.

Тоа значи дека екипата на ЦСКА Москва, во која настапува Ристовска, ќе мора против ЧСМ Букурешт да игра на неутрален терен. ЕХФ дополнително ќе треба да одреди кога и каде ќе се сретнат екипите на ЦСКА Москва и ЧСМ Букурешт, односно на кој неутрален терен.

Според претходно утврдената програма на ЕХФ, ЧСМ Букурешт на 26 март требаше да го пречека рускиот шампион на свој терен, додека реваншот беше закажан за 2 април во руската престолнина.

Со новата одлука на ЕХФ, но и со развојот на воените настани под украинско небо, не се знае точно кога ќе се сретнат двете екипи. Се ќе зависи како ќе се одвива ситуацијата околу Украина во наредниот период, но и какви ќе бидат рестрикциите на светот кон Русија.

ЦСКА Москва во минатата сезона стигна до Фајнл Фор турнирот во Бидимпешта откако во реванш натпреварот од четврт-финалето против ЧСМ Букурешт обезбеди победа со 24:19, додека првиот дуел меѓу двете екипи во Букурешт заврши со победа на романскиот тим од 32:27.

Сепак, руската инвазија над Украина може да биде кобна за руските ракометни клубови кои партиципираат во европските натпреварувања.

ЕХФ најави: Тимовите и репрезентациите од Украина и Русија ќе играат на неутрален терен