Ристовска и Талеска ефикасни, ЦСКА и Ѓер со убедливи победи

Ракометарките на ЦСКА Москва и Ѓер ги оправдаа фаворитските улоги во 7. коло од Лигата на шампоионите за жени. ЦСКА беше поуспешна од Одензе, додека Ѓер славеше против Борусија Дортмунд.

Сара Ристовска со својата ЦСКА Москва повторно се радуваше на победа откако го совладаа Одензе со 27:23. Само почетокот на мечот беше израмнет, првото повисоко водство беше 8:4 за ЦСКА и таквата разлика се задржа до крај на натпреварот.

После првото полувреме ЦСКА Москва имаше предност 14:11, и вториот дел домаќинките рутински го контролираа резултат. Во еден момент имаа највисока предност од седум гола и лесно стигнаа до нова победа. Сара Ристовска го заврши натпреварот со три реализации.

Ракометарките на Ѓер со убедливо издание триумфираа над Борусија Дормунд со 38:25. Унгарките со две идентични полувремиња со по 19 гола не им дадоа никаква шанса на противничките. Уште по првиот дел беше високи 19:11, а продолжението беше рутинско одработубање на задачата.

Најефикасни во тимот на Ѓер беа Едуарда Аморим Талеска и Стине Офтедал со по шест гола, Горбич и Минко постигнаа по пет. За Борусија Дортмунд со по пет гола најпрецизни беа Абдула и Блекман.