Ристовска во добра форма, но ЦСКА без бодови во дербито

Во првенството на Русија беше одигран дерби дуел меѓу ЦСКА Москва и Ростов Дон, а победата им припадна на гостинските ракометарки кои од Москва си заминаа со бодовите после триумфот од 26:25.

Ракометарките од Ростов Дон имаа далеку подобро прво полувреме во кое направија предност од четири гола и тоа беше и клучот за добивање на победата на овој натпревар. Ростов Дон за кој не настапи поранешната вардарка, Полина Кузневцова имаше 16:12 на крајот од првиот дел.

Во второто полувреме домашните ракометарки успеаја да се доближат, но не и да направат пресврт, па претпреа минимален пораз од 25:26.

На овој натпревар македонската интернационалка беше меѓу поефикасните во редовите на ЦСКА Москва. Постигна четири гола од седум обиди, а иста статистика имаа и Полина Горшкова и Антонина Скоробогатченко. Поефикасна од нив беше само Екатерина Илина со шест гола.  Ана Вјахирева од Ростов Дон беше најефикасна со седум гола.

Ристовска мина 32 минути и 28 секунди на терен на оваа дерби средба.