Ристовска без грешка, ЦСКА со нов триумф

ЦСКА Москва на Сара Ристовска ја запиша втората победа во најсилното натпреварување во Русија.

Тимот од Москва во натпревар од 2. коло од рускиот шампионат за ривал ја имаше младата екипа Черноморочка.

Ристовска и колешките немаа многу проблеми и стигнаа до убедлива победа од 37:29 (21:16).

Репрезентативката на Македонија на теренот беше непогрешлива, постигна три погодоци од три обиди.

ЦСКА Москва за следен ривал го има АГУ Адиф. Овој дуел ќе биде одигран на 17 септември.