Риниа и Македонија ЃП одиграа реми во натпревар со 25 израмнувања на резултатот!

Тимот на Риниа го oствари второто реми во групата 1 од Првата лига, откако на свој терен се спаси од пораз од Македонија Ѓорче Петров во натпреварот што заврши 27-27. Во првиот дел кој заврши 15-15, имаше дури 14 израмнувања на резултатот, а домаќинот само еднаш поведе со два гола.

Во второто полувреме, гостите беа тие што поведоа еднаш со два гола, но и тоа кратко траеше, па пак си продолжи играта за гол за гол. Во финишот гостите имаа предност од 26-27, а Риниа израмни на 27-27.

Најдобри стрелци во домашниот тим беа Орхан Емини со десет и Христијан Стојчевски со пет голови, додека кај гостите од Ѓорче Петров се истакнаа Иван Митревски со осум и Александар Ѓорѓевски со пет погодоци.