Ривал на Вардар од ЛШ се засили со 17-годишен тинејџер

Ривалот на Вардар од групата во Лигата на шампионите, норвешки Елверум обезбеди засилување за следната сезона.

Нов ракометар на Елверум ќе биде 17-годишниот Патрик Хеланд кој на тимот ќе му се приклучи во текот на летото.

Договорот на младиот играч со Елверум ќе стапи на сила од идната сезона и ќе има важност три сезони.

До крајот на сезоната Хеланд ќе игра во норевшката втора дивизија за тимот на Фоло, претходно беше дел и од дански Гудме.

Претходно Елверум ги договори и голманот Симон Мизера од Зубри и средниот бек Урош Борзаш од францусиот Тулуз.