Ривалот на Вардар нема намера да го чека ЕХФ: ПИК Сегед ги распушти ракометарите!

Со оглед на новонастанатата ситуација и презакажаниот завршен турнир во Лигата на шампионите за крајот на декември, станува јасно дека нема да се одиграат ниту осминафиналните, ниту четвртфиналните натпревари во елитната конкуренција.

Европската ракометна федерација најави меѓу редови, дека на Ф4 ќе играат најдобрите четири екипи од групната фаза и дека сите други се елиминирани. Сепак за официјализација на оваа одлука ќе почекаме до следниот петок.

Тоа значи дека и Вардар и ПИК Сегед се елиминирани, а раководството на унгарскиот тим нема намера да го чека ЕХФ и веќе донесе одлука.

Сите ракометари се слободни да си одат во своите држави и ќе добијат план и програма за индивидуални тренинзи. ПИК Сегед најави дека подготовките за новата сезона ќе стартуваат на крајот на јули.