Ривалите на Вардар и Металург ги одмерија силите: Нексе убедлив против Спачва (ВИДЕО)

Тимовите од Хрватска кои во последниот викенд од август треба да бидат противници на Вардар и Металург во рамки на СЕХА и Лигата на Европа, Нексе и Спачва ги одмерија силите на контролна средба, а подобар беше составот од Нашице со 33:22.

Ова беше очекуван резултат бидејќи разликата во квалитет е очигледна така што немаше изненадување. Нексе беше далеку подобриот тим, но јасно е дека и Вардар и Металург ќе бидат фаворити на тие пресметки кои теба да се одиграат на крајот од август.

Според очекувањата Вардар не би требало да има проблеми да го одбрани резултаот од првиот дуел против Нексе одигран уште во март и предноста од 31:30. Металург исто така е фаворит за победа на двете средби и пласман во 2. коло од Лигата на Европа.

Инаку, денешната средба се играше без присуство на публика, но беше вршен пренос на Youtube така што може да се погледне средбата и квалитетот со кој располагаат двата тима.