Ресенци се разбудија, стигнаа до висок триумф против Партизан

Ракометарите на Преспа дојдоа до висока победа од 29:20 на првиот натпревар во пролетниот дел од сезоната од Групата А во Првата машка лига.

Двете екипи одиграа убаво прво полувреме во кое беа постигнати 25 гола. Преспа беше во минимална предност од еден погодок и имаше 13:12. Сепак, овој резултат беше најава за многу поинтересно продолжение.

Преспа предводена од Везенковски успеа да ја зголеми предноста и да стигне до плус девет. На крајот се радуваше на трите бода со што најави дека во продолжение од сезоната ќе има што да покаже во плеј-аут групата во Првата машка лига.

ПРЕСПА – ПАРТИЗАН    29:20 (13:12)

Сала: „Зоран Стојановски“ во Ресен. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

ПРЕСПА: Тасевски, Шабединовски 2, Тунтевски 2, Мишевски 3, Божиновски 2, Георгиевски, Милошевски 1, Џуклевски 7, Леровски 2, Везенковски 10, Ставревски

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 2 мин.

ПАРТИЗАН: Љатев, Георгиев, Ангелов, Башов 2, Банцалиски 7, Лисичков 8, Џалев, Динев, Велев 1, Зајков, Панов, Маренчев 2

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 10 мин.