Tanja Andrejeva

„Репрезентативниот дрес некои го добија на подарок, им требаше време да сфатат што значи тоа“

Сè до 2012 година женскиот национален тим беше оној кој беше во преден план, за потоа да се кренат мажите и со континуитетот на големите натпреварувања, но и во резултатите да ги стават дамите во втор план.

Вината за ваквата позиција Тања Андрејева ја гледа и во играчите како соучесници во процесот и нивниот пристап кон репрезентативниот дрес.

„За разлика од претходно (мислам дека Георгиевска е последна од тие ракометарки) кога требаше макотрпно да се заработи статусот на репрезентативка, сега, младите ракометарки кои се дел од националниот тим го добија тоа „на тацна“. Не сакам никого да навредам, само го потенцирам фактот дека сплет на околности доведе до тоа. Почнавме ние поискусните да се повлекуваме, а селекторите мораше да го земат кој е најдобар во моментот на наше место и така се најдоа во тимот. Тие не мораа да се борат за место во екипата, го добиваа како подарок и едноставно знаеја дека ќе бидат во тие 16, затоа што немаше кој. По 2012 се почувствува голем рез и пад женскиот ракомет, а со тоа и во националниот тим. Домашното првенство исто така загуби многу на квалитет. Не можам да навлегувам во причините, дали се финансиски, дали се недоволна работа во клубовите или, пак, ваучерот ги излажа сите да сакаат да играат во најсилната лига, а квалитетот да ни биде застрашувачки лош и буквално пионерки да играат во Прва лига. Поради сето ова многупати знам да им кажам на девојките – почувствувајте ја малку таа емоција, репрезентацијата, почувствувајте го репрезентативниот дрес. Јас кога сум стоела на химна, сум ја чувствувала таа национална боја и страст, а сега долго време им требаше на ракометарките да понудат таква емоција. Затоа велам дека оваа година се најзрели да го потврдат тоа дека вредат и дека имаат квалитет за нешто повеќе само од квалификации.“

Комплетното интервју со Андрејева прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ТАЊА АНДРЕЈЕВА: Со малку повеќе самодоверба девојките врвот ќе го имаат на ЕП 2022