Репрезентативец учествуваше на избори, но остана без советничко место во својот град

Ракометарот кој е репрезентативец на Црна Гора, Марко Ласица не успеа да се избори за место во советот на Никшиќ во Црна Гора. На изборите на кои учествуваа 6 политички партии односно коалици, Ласица беше највлијателниот кандидат, но тоа не беше доволно.

Искусниот ракометар беше кандидат за советник од редовите на СДП. Сепак, неговата слава меѓу никшиќани не беше толку импресивна да гласаат за неговата партија која доживеа историски дебакл во градот и не успеа да ја помине изборната граница од 3%.

Вкупно во Никшиќ се избираат 41 советник во градското собрание, а Ласица на листата на СДП беше кандидат на 8. позиција.

Тој учествуваше и во неколку спотови на партијата, главно кога беа застапувани темите поврзани со спортот. Активен беше и со неговите изјави за поддршка на неговата партија во текот на кампањата.