Репрезентативец на Шведска се повреди пред СП, ќе отсуствува неколку месеци!

Средниот бек на Хановер и соиграч на Филип Кузмановски, Јонатан Едвардсон нема да настапи на Мундијалот во јануари поради повредата на рамото.

Од бундеслигашот преку клупската страна соопштија дека ракометарот од Шведска поради тешката повреда на рамото ќе треба да оди на операција.

Според прогнозите, 25 годишниот ракометар ќе отсуствува од терените неколку месеци и нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги на Светското првенство.

Едвардсон во оваа сезона е меѓу најдобрите стрелци во Хановер и на 12 натпревари во Бундеслигата постигна 31 гол.

Шведска, која заедно со Полска се ко-организатори на Светското првенство 2023, ќе игра во група со Бразил, Уругвај и Зеленортските Острови.