Реми на „војничкиот“ двобој, Бенфика се намачи против Фиверс

Денеска се одиграа дел од натпреварите од првата рунда во Лигата на Европа. Данскиот Скјерн иако се очекуваше да има лесна задача со шведскиот Малме, сепак победи едвај со еден гол разлика, 22-21.

Португалската Бенфика во Лисабон не играше на највисоко ниво, но во еден момент имаше и плус шест против австрискиот Фиверс Маргаретен. Сепак на крајот победи само со два гола, 28-26.

На „војничкиот“ дуел во Минск, меѓу домашниот тим СКА и ЦСКА Москва, немаше победник, 25-25.

Темпото го диктираше белорускиот тим во целиот натпревар, а гостите бркаа резултат и на крајот стигнаа до реми, што ќе им ја олесни работата во реваншот за седум дена.