РЕКОРД на кариерата – Стоилов постигна најмногу голови на еден натпревар во ЛШ!

КАпитенот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов, оствари рекорд во неговата кариера кога се во прашање постигнатите голови на еден меч од ЛШ.

Долгодишниот член на „црвено-црните“, постигна осум погодоци на натпреварот против германскиот вицепрвак Фленсбург.

Тој досега најмногу погодоци имаше на средбата со Монпелје одиграна во Скопје во февруари, кога погоди седум пати.

Следниот натпревар во елитното натпреварување, Вардар ќе го игра на домашен терен против Порто.