Раул: Секаде ќе има криза, сега и во ПСЖ се пази на секое евро!

Тренерот на ПСЖ Раул Гонзалес веќе втора сезона ја предводи екипата која има најголем буџет во ракометот. Сепак минатата сезона скапите ѕвезди во клубот не помогнаа да стигнат ниту до завршниот турнир.

Кризата предизвикана од коронавирусот се забележува и кај најбогатиот клуб. Иако имаа финансиска стабилност сега работите се менуваат. Раул во изјава за шнаската „Марка“ потврди дека и ПСЖ не е имун на кризата.

„Сега и во ПСЖ се пази на парите, немаме неограничени средства. До пред два месеци клубот имаше стабилност, со долгорочен проект, но тоа што се случи со коронавирусот направи проблеми. Сега сè е нестабилно, не само во ракомет, туку во сите екипни спортови и не се знае како ќе се заврши ова. Планирањето на долг рок повеќе не постои, мора да живееш од ден во ден “, рече Раул Гонзалес.

Раул Гонзаелес со ПСЖ за прв пат ќе биде дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите кој ќе се одржи во декември. Минатата сезона беа елиминирани од Келце во четврт-финалето.