„Раул сака да има што повеќе различни играчи во тимот – да може да најде против игра за секој ривал“

Тимот на ПСЖ, како и минатата сезона, така и оваа ќе биде еден од главните фаворити за место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Оваа сезона Раул Гонзалес има неколку нови имиња во ростерот, меѓу кои е некогашниот вардарец Даинис Кристопанс.

Спортскиот директор на ПСЖ, Бруно Мартини вели дека шпанскиот стратег сака во тимот да има што повеќе различни играчи, па да може да одговори на сите противници.

„Завршниот турнир во ЛШ ќе се одржи во специфични услови. Но тоа се уште е далеку, па тешко е да се планира. Тешко е што не можевме да се поздравиме како што заслужуваат со Абало, Сагосен, Кемп и Коралес, тие заслужија многу повеќе. Кристопанс привлекува внимание поради неговата висина, но станува збор за одличен играч. Раул отсекогаш се стреми да има што е можно повеќе разновидни играчи, за да може тимот да игра на различни начини во зависност од ривалот. Имаме играчи што можат да играат и на повеќе позиции, а тоа е многу важно. Мора да се подготвиме најдобро што можеме и да се воиграме, бидејќи подолго време не сме имале толку нови играчи“, вели Мартини.

ПСЖ е во иста група со Вардар, па Раул и Кристопанс ќе гостуваат со францускиот тим во Скопје во рамките на ЛШ.