Раул и ПСЖ без десен бек против Барса

Повредата на Недим Ремили на натпреварот против Фленсбург од Лигата на шампионите се покажа дека е посериозна од што се предвидуваше. Потребен му е подолг период на опоравување и Французинот ќе го пропушти дербито против Барселона.

На почетоткот на дуелот со шампионот на Германија, Ремили заработи повреда на глуждот. Сериозноста на повредата се најавуваше затоа што десниот бек не можеше да го напушти теренот па мораа да му помогнт соиграчите.

После направените детални прегледи е утврдено дека повредата е посериозна и следува пауза од најмалку три недели. Ова значи дека Ремили ќе го пропушти натперварот со Барселона кој би требало да е дуел за првото место во групата А.

Проблемите да бидат поголеми за Раул Гонзалес и ПСЖ придонесува и фактот што Недим Ремили е прва опција на десната бековска позиција. Вистинска замена нема сè до доаѓањето на Кристопанс на крајот на сезонава. Останува да вииме како ќе се справи ПСЖ против Барселона без вистински квалитетен десен бек.