Распад систем во Мешков Брест – и стручниот штаб доби раскин на договорите!

Се чини дека белорускиот првак Мешков Брест, кој патем годинава може да не ја одбрани титулата во домашното првенство, во новата сезона нема да го гледаме во Лигата на шампионите.

По актуелната политичка ситуација, и тренерскиот двоец Даниел Гордо и Нуњо Фарелу, добија раскин на договорите. Пред два месеци нивниот договор беше замрзнат, но сега станува јасно дека заврши нивната епизода во Брест.

Уште претходно од клубот заминаа Павел Пачковски, Баптис Бонфон, Јака Малус и Иван Пешиќ, отказ доби Дмитри Санталов, а на крајот од сезоната сигурно заминува и Сташ Скубе.

Иако имаат актуелни договори и за новата сезона, сепак многу веројатно ќе си одат и Станислав Кашпарек во Динамо Букурешт, како и Владимир Врањеш и Стеван Сретеновиќ.

Заминува и првата ѕвезда Никита Вајлупов во унгарскиот Веспрем, како и голманот Иван Мацкевич кој се договори за соработка со грчкиот АЕК Атина, додека сигурно многу европски екипи во своите редови би имале место и за Андреј Јуринок, Максим Баранов, Вјачеслав Салдаценка, Вјачеслав Шумак…