Расизам во Унгарија: Мајмунски извици за Ниомлба во Дебрецен!

Гнонсиан Ниомбла во 13. коло од првенството на Унгарија со својот Шиофок гостуваше кај Дебрецен. Шиофок победи со 39:30, но ракометарката по натпреварот не прпопушти да ги сподели на Инстаграм расистичките навреди од публиката.

„Толку сум среќна што сум повтроно на теренот играјќи пред ваква расистичка публика. Никогаш порано го немам искусено ова, ви благодарам ми дадовте толку многу сила. Образование 0, однесување 0, мозок 0. Се најдобро“, напиша Ниомбла под објавата

Според медиумите во Франција мајмунсктите извици започнале уште на загревањето на екипите. Во Унгарија, а особено во Дебрецен не е првпат да се случи ваков инцидент поврзан со расизам. Претходно и екипата на Нант има доживеано расистички навреди во Дебрецен.