Ракометот меѓу најризичните спортови за ширење на коронавирусот

Светската пандемија со коронавирусот предизвика целосно запирање на спортот во Европа и Светот, но веќе скоро сите земји прават планови како повторно да се врати спортот на терените. Голем дел од ракометните првенства се прогласени за завршени, но има и такви кои се подготвуваат да ги продолжат натпреварувањата.

Овие федерации би требало дополнително да размислат пред да продолжат со натпревари бидејќи една студија направена во Италија за коронавирусот, ракометот го сместува во еден од најризичните спортови за ширење на коронавирусот.

Студијата ја изработи министерството за спорт на Италија и Италијанскиот Олимписки Комитет и на листата се утврдени спортовите кои носат најмал ризик од зараза па се до тие што се најризични.

Спортовите се катеогоризирани во скалила од нула до четири, при што ракометот се најде во категоријата број четири како спорт со висок ризик за зараза. Во нултата категорија се спортови со најмал ризик како што се едрење, тенис, голф и пливање на отворени води. Во четвртата категорија заедно со ракометот се рангирани и кошарката и одбојката како спортови кои се играат во затворено и имаат близок контакт. Исто така во најризичната категорија четири се сите боречките вештини.