Ракометот завиен во црно: Почина легендарен шведски тренер!

Шведската ракометна федерација утринава објави тажна вест за смртта на легендарниот тренер Бенгт Јохансон.

Јохансон почина во 79 година од животот, а ќе остане запаметен како творец на легендарната шведска генерација на Висландер, Олсон, Свенсон, Ловгрен…

Шведскиот стратег ја водеше репрезентацијата од 1988 до 2004 година, и направи многу за шведскиот, скандинавскиот и европскиот ракомет.

Во негово време Шведска стана светска велесила, а под негово водство беа освоени две светски и четири европски злата на големите натпреварувања.