Ракометот го замени со фудбал – на првиот натпревар постигна три гола!

Порнешната ракометарка на Мец и репрезентацијата на Холандија, Аили Лучијано на крајот на минатата сезона објави дека ја завршува својата професионална ракометна кариера.

Нејзините намери беа да се посвети повеќе на својата новородена ќерка, но Лучијано не издржа долго да биде надвор од спортот.

29-годишното десно крило на репрезентацијата на Холандија во новата сезона одлучи да се испроба во нов спорт, односно да стане фудбалерка. Таа е играч на клубот Монтињи ле Мец во втората регионална лига на Франција.

Лучијано во првиот натпревар на кој настапи успеа да постигне три гола. Според ваквото деби издание, може да се очекува дека поранешната ракометарка ќе биде многу успешна и како фудбалерка.