Ракометот во Европа пред целосно запирање, се игра само во неколку земји

После замирањето на шампионатите во Црна Гора и во Унгарија, викендов дојде стопирање во уште неколку земји така што ракометот полека доаѓа пред целосно запирање односно пред комплетно ставање на СТОП додека не се смири постојаниот раст на Корона вирусот.

Според последните информации првенствата се запрени и во Романија, Исланд, Литванија и Летонија. Овие четири земји од петокот и саботата повеќе не се играат, а нема информација кога ќе продолжат натпреварите.

Исланд досега беше земја каде што немаше позитивен случај на Корона вирусот, но после појавувањето дојде и таму до запирање, па веднаш беа одложени натпреварите кои беа закажани за да се играат во петокот.

Во моментов натпревари има уште во само неколку земји. Се игра во Србија каде што нема публика на трибините исто како и во Шведска. Натпревари има и во Русија и во Турција. Овие четири земји засега не ги одлагаат шампионатите, па останува да се следи ситуацијата и да се види дали ќе има нова информација во текот на следните денови.