Ракометар на Нексе позитивен на коронавирус!

Прв позитивен случај на коронавирус има и во хрватскиот ракомет. Станува збор за членот на Нексе, Живан Пешиќ.

Пикерот на хрватскиот вицепрвак и српски репрезентативец е тестиран по доаѓањето во Нашице, и ќе остане во самоизолација.

„Ништо не упатуваше на тоа дека сум заразен. Мојата мајка и сестра ми со кои бев цело време се негативни. Нестрпливо ги чекав подготовките, работев добро индивидуално и сега ова се случи. Се повеќе млади луѓе умираат од овој вирус, ситуацијата е комплицирана и треба сето ова да го сфатиме сериозно“, вели Пешиќ за „Глас Славоније“.

Нексе во новата сезона ќе биде дел од регионалната СЕХА лига, а ќе игра и во Лигата на Европа.