Ракометар на Еурофарм Пелистер 2 со трансфер во Швајцарија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Арсеновски ќе го има првиот интернационален предизвик во својата кариера. Кружниот напаѓач во остатокот од натпреварувачката сезона 2022/23 ќе настапува во шампионатот на Швајцарија.

Тој во моментов е член на Еурофарм Пелистер 2 и истиот ќе го замени со дресот на Амичитија Цирих, клуб во кој игра екс ракометарот на Вардар и Текстилец, Мартин Поповски.

Арсеновски потекнува од Металург, таму ги мина сите младински категории, а во текот на 2020 година од Автокоманда се пресели во тимот на Александар Јовиќ.

Новиот клуб на Арсеновски во минатата сезона го освои трофејот во Купот на Швајцарија.

Амичитија Цирих моментално се наоѓа на 4. позиција во швајцарскиот шампионат и има големи шанси да се избори за пласман меѓу најдобрите три екипи.