Ракометар на Еурофарм Пелистер ќе игра на Азиското клупско првенство

Босанскиот репрезентативец Елмир Граџан, кој неодамна го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер, малку подоцна од останатте ќе ги заврши ракометните обврски за оваа сезона.

Кружниот напаѓач веќе е во Саудиска Арабија, каде што ќе настапи на Азиското клупско првенство, што ќе се одржи од 12 до 21 јуни.

Тој ќе биде дел од составот на Ал Вехда, од домаќинот Саудиска Арабија, кој ќе игра во групата Б со Узбек, Ал Катен, Мес Керман, Ал Духаил и Ал Кувајт, додека во групата А се Ал Араби, Шахид Казерон, Ал Салмија, Ал Мудар и Ал Наџма.

По краткорочниот договор со Ал Вехда, Граџан ќе се врати во редовите на Еурофарм Пелистер и ќе ги започне подготовките со битолскиот тим на 19 јули.

На Азискиот Куп на шампиони, ќе игра и десниот бек Невен Стјепановиќ, за тимот од Бахреин – Ал Наџма, додека Стеван Вујовиќ и Вук Лазовиќ, двајцата поранешни вардарци ќе играат за тимот на Ал Кувајт.