Ракометарка облеана во крв, главен виновник е ботоксот на лицето (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу чешкиот шампион во женска конкуренција Мост и словачкиот тим Михаловце од МОЛ Лигата, кој се одигра неодамна, беше исклучително борбен и на крајот две ракометарки заработија повреди кои ги одалечуваат од терените.

Ивана Годец од Хувента Михаловце при еден судар со противничката заврши на паркетот обелана во крв, а претседателот на Мост како главна причина за крварењето го посочи ботоксот кој го имала ракометарката на своето лице. Претходно гостинките од Словачка ги обвинувае чешките ракометарки дека играле многу грубо и не бирале средства за да стигнат до победа.

Освен неа натпреварот порано заврши и за Мартина Поповчова која исто така при судар заработи повреда која веројатно беше посериозна и мораше да биде итно префрлена во болница, пишува чешкиот „И Днес“.

Естетските корекции кај ракометарките се сè повеќе застапени, но во одредени моменти создаваат големи проблеми. Така беше и во овој случај каде што повредата заедно со ботоксот на лицето може да предизвика трајни последици. Во продолжение моментите на повредите на ракометарките.