Ракометарка на Мец позитивна на коронавирус, откажани три натпревари!

Коронавирусот не престанува да прави проблеми на екипите ширум Европа. Една ракометарка на екипата на Мец е позитивна што е голем проблем бидејќи се приближува почетокот на сезоната.

Од клубот со официјално соопштение информираа дека имаат позитивна ракометарка на коронавирус и дека наредните три пријaтелски натпревари кои требаше да ги одиграат против Брест и Бесансон се откажани.

„После состанокот во саботата навечер стручниот штаб одлучи да не ризикува и да не се одиграат пријaтелските натпревари. Нови тестови ќе бидат направени на крајот на неделата кога ќе биде одлучено за продолжување на подготовките. Негативните ракометарки на тестирањето ќе бидат поделени во групи и ќе тренираат во различни термини согласно здравствените правила“, гласи соопштението на Мец.

Мец веќе одигра еден пријателски натпревар со Борусија Дортмунд во Германија, но после враќањето назад во Франција започнаа проблемите на екипата. Останува новото тестирање на ракомeтарките да покаже како ќе се довиваат понатамошните подготовки на Мец.