Ракометарите пристигнаа во Злин, подготвени за првата битка со Чешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Машката сениорска репрезентација на Македонија пристигна во Злин по четири часа пат со авион и автобус.

Македонската делегација во чешкиот град брои 32 члена, меѓу кои и 18 ракометари, од кои 16 ќе ја бијат првата битка од бараж двомечот со домаќинот.

Селекторот Кире Лазаров по евентуалниот утрински тренинг ќе ги одреди 16 ракометари што ќе и се спротистават на Чешка.

Натпреварот меѓу Чешка и Македонија се игра во „Датарт“ салата во Злин од 20:15 часот во текот на утрешниот ден, додека реваншот е на 17 април во Скопје од 19:00 часот.

Mакедонија пристигна во Злин