Ракометарите пристигнаа во Дебрецин, утре ќе се запознаат со „Феникс Арена“

Машката репрезентација на Македонија по краткиот лет пристигна во унгарскиот град Дебрецин, каде што в четврток го започнува настапот на Европското првенство.

Селекторот Лазаров има на располагање 20 ракометари, а со него во стројот се 21, од кои ќе се бараат 16 за натпреварите против Словенија, Црна Гора и Данска.

Во текот на утрешниот ден ќе биде одржан последниот тренинг пред натпреварот со Словенците, па ракометарите ќе имаат шанса да се запознаат со условите во „Феникс Арена“.

Ќе тренира и новата голманска двојка, Благојче Трајкоски и Градимир Чаневски, додека останатите веќе беа дел од подготовките во Маврово и Скопје.

Првиот натпревар против Словенија, нашата репрезентација ќе го одигра на 13 јануари од 18:00 часот.