Ракометарите на БиХ добија нови дресови, им се израдуваа со победа

Проблемите во репрезентацијата на БиХ се чини се надминуваат на стартот од подготовките за Европското првенство. Ракометарите добија нова гарнитура на дресови со кои ќе треба да играат на шампионатот, а веќе во првиот контролен натпревар успеаја да се изборат за триумф.

Селекцијата на БиХ ја совлада репрезентацијата на Саудиска Арабија со 38:24, а селекторот Билал Шуман на располагање ги немаше сите ракометари.  На  теренот не беа Терзиќ, Буриќ, Прце, Карачиќ, Малиновиќ и Овчина што се достав важни играчи така што кога ќе се комплетира тимот БиХ ќе биде далеку посилен состав.

Најефикасен на овој меч бил Хасељиќ со седум гола, додека по четири гола постигнале Паниќ и Врањеш.

Инаку, на стартот на подгогтовките во БиХ се соочија со проблеми бидејќи ветените средства за помош од страна на Премиерот на земјата, Новалиќ. Требало да бидат префрлени 100.000 конвертабилни марки, но истите не се добиени во Ракометната федерација на БиХ, па сега мораат да се снаоѓаат пред ЕП.