Ракометарите најлесно го пренесуваат коронавирусот, последни ќе се вратат на терените!

Од сите колективни спортови, ракометот се чини дека последен ќе се врати на терените.

Препораките на Светската Здравствена Организација се спортовите кои имаат најголем директен контакт да не се активираат брзо.

Веројатно и ЕХФ водена од тие препораки на СЗО, го закажа завршниот турнир во Лигата на шампионите во месец декември.

„Откако ќе се овозможат услови за први заеднички тренинзи ќе треба ракометарите да тренираат 30 дена пред да почнат натпреварите. Ракометот е контакт-спорт, играчите во најголем дел од натпреварот се во директен контакт и според сите параметри најлесно, на тој начин, го пренесуваат вирусот. Можеби некои индивидуални спортови кај кои нема контакт ќе добијат зелено светло за брзо активирање, но ракометот последен ќе добие дозвола за натпревари“, вели генералниот менаџер на Загреб, Божидар Јовиќ за хрватскиот 24Сата.

Сезоната во Хрватска беше завршена пред два дена, а не беше прогласен шампион, додека места во европските купови ќе носи табелата од лани.