Радост кај „црвено-црните“ – Анте Гаџа по вторпат стана татко (ФОТО)

Пред натпреварот со белорускиот првак Мешков Брест во Лигата на шампионите во тимот на Вардар имаше причина за радост.

Хрватскиот интернационалец Анте Гаџа по вторпат стана татко, па по ќеркичка, неговата сопруга Петра на свет донесе син.

Наследникот на средниот бек се роди вчера, па Гаџа сигурно ќе има дополнителна мотивација за добар настап на натпреварот против Мешков Брест.

Тој се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.